Top Sport

Нов светски рекорд: Мекион продолжува да ги урива границите

Австралиската пливачка Кајли Мекион ја продолжува својата игра со светските рекорди на собирот на Светското првенство во Будимпешта.

Ден откако ја постави границата од соништата на 50 метри грбно, таа го постигна најдобриот резултат во историјата на двојно поголема должина на делницата во ист стил.

Таа стигна до целта за 57.33 и за 12 стотинки го надмина своето најдобро време.

Мекион е актуелна олимписка шампионка на 100 и 200 метри грбно, светски првак на 50, 100 и 200 метри и сопственик на сите светски рекорди од 50 до 200 метри.

Scroll to Top