Top Sport

Нов светски рекорд на 10 километри

Џошуа Чептегеи постави нов светски рекорд на 10 километри. Трката на која го собори рекородот се трчаше низ улиците на Валенсија.

Времето што го постави 23 годишникот од Уганда изнесува 26 минути и 38 секунди. Ова време е за шест секунди подобро од претходниот рекорд на Леонард Комон истрчан во 2010 година.

Чептегеи неодамна на Светското првенство во Доха го освои златниот медал на трката на 10 километри.

„Знаев дека трката во Валенсија е една од најбрзите во светот. Она што го остваривме овде навистина е нешто посебно“, рекол Чептегеи.

Атлетичарот од Уганда во просек еден километар трчал за две минути и 40 секунди.

Scroll to Top