Алексеј Молчанов постави нов Гинисов рекорд во нуркање на здив. Тој со нуркање минал 181 метар под замрзната површина на водата. На овој начин тој и одал почит на својата мајка Наталија која во 2015 година додека нуркала исчезнала во Шпанија.
Подвигот, Молчанов го извел во близина на каменоломот Амерјев. Под водата тој здивот го задржал нешто повеќе од две минути. Во текот на нуркањето носел нуркачко одело кое му помогнало да ја одржува температурата на телото во студената вода, а на стапалата носел моно-перки.
?♂ Пловец-фридайвер Алексей Молчанов в подмосковном Щёлкове установил новый мировой рекорд — он проплыл подо льдом без кислородного баллона, на одном дыхании 180 метров в ледяной воде. pic.twitter.com/k2JXqaDvTF
Синот на „кралицата на нуркањето“ Наталија Молчанова рекордот го поставил во период кога во Русија се прикажува филмот „One Breath“, посветен на животот на неговата мајка.
Наталија Молчанова во 2015 година се спуштила на длабочина од 130 метри и оттогаш и се губи трагата.
Алексеј за шест метри го соборил рекордот поставен во 2017 година од страна на Артур Герин-Боер.
Рекордот на Молчанов го потврдиле членовите на Асоцијацијата за развој на нуркањето на здив, претставникот на светското нуркачко здружение. Овој резултат ќе влезе и во Гинисовата книга на рекорди.