Шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ не успеа да направи „пресврт“ на сезоната на Мајами опен, губејќи во второто коло од Французинот Беноа Пер со 6:3/6:4.
Со овој пораз се прекина победничката низа од 16 меча на турнирот за деветтиот носител, кој беше елиминиран и во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, но пред мечот изјавуваше дека неговиот десен лакт е 100 отсто подготвен за игра првпат по подолго време.
Ѓоковиќ, кој победи на турнирите во 2014, 2015 и 2016 пред да го пропушти минатогодишниот турнир, исто така имаше низа од 21 победа над тенисери од Франција. Пер имаше девет аса и освои 71 отсто од поените на свој сервис.
Вториот носител, Хрватот Марин Чилиќ влезе во третото коло со 7:5/6:3 победа над Французинот Пјер-Иг Ербер, додека Давид Гофан немаше среќа во кам-бекот по повредата на окото губејќи со 6:0/6:1 од Португалецот Жоао Соуса.
Американецот Мајкл Мох исто така направи изненадување, елиминирајќи го 12. Носител, Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 7:6(4)/2:6/6:4. Мох загуби осум гема во низа откако водеше со еден сет и со 2:0. Милош Раонич немаше проблеми и со 6:3/6:3 за само 66 минути го совлада Швеѓанецот Микаел Имер.
Фото: ЕПА