Најновите информации од Франција потенцијално го загрозуваат одржувањето на Ролан Гарос.
Имено, француските власти објавија дека поради пандемијата на коронавирусот забрането е собирање на повеќе од 5.000 луѓе на едно место се до крајот на октомври.
Ваквите мерки требаше да се укинат на 31 август, но сега се продолжени и го зафаќаат и Ролан Гарос кој на програмата е од 27 септември.
„И понатаму одблизу соработуваме со француската Влада“ – стигна одговор од официјалниот профил на Ролан Гарос на Твитер.
@rolandgarros Goodmorning,
Any update yet about Roland Garros 2020 autumn edition after desicion of france government yesterday to prohibition of gathering above 5000 people? ???— Philippe Gijsen (@PhilGijsen) August 12, 2020
Неофицијалните информации се дека Тенискиот сојуз на Франција планира одржување на турнирот пред одреден број на гледачи кои потојано ќе мора да бидат со маски и да ги почитуваат сите други здравствено-безбедносни протоколи.