Јури Ганус, шефот на Руската анти-допинг агенција (ВАДА) преку писмо побара отпуштање на шефот на суспендираната атлетска федерација како дел од мерките кои треба да се преземат за руските спортисти да настапуваат на Олимпијадата во Токио во 2020, објавува „Ројтерс“.
Во писмото од пет страници до шефот на Рускиот олимписки комитет, Станислав Поздњаков, Ганус бара отпуштање на цело водство на атлетската федерација, предводено од Дмитриј Шљахтин, како и сите национални тренери.
„Има уште многу малку време до стартот на Олимпијадата во 2020 година, а имаме уште многу работи кои треба да ги завршиме, стартувајќи со трансформацијата на атлетската федерација“, пишува Ганус.
РУСАДА и атлетската федерација беа суспендирани во 2015 по извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) за државно допингување. РУСАД ја доби лиценцата назад минатата година, но не и атлетската федерација. ИААФ ќе го разгледува статусот на федерацијата на состанокот следниот месец.
Дел од руските атлетичари продолжуваат да се натпреваруваат под неутрално знаме, но само откако ќе докажат дека следат анти-допинг програма на некоја од валидните федерации.