Top Sport

Нова ера: По 18 години, Каспер Руд наместо Рафа Надал и Роџер Федерер

Здружението на тениски професионалци ја додели наградата за фер-плеј. Каспер Руд по 18 години ја прекина доминацијата на Роџер Федерер и на Рафаел Надал.

Од 2004 година, Федерер и Надал ја освојуваат оваа награда во континуитет – Швајцарецот 13 пати, а Шпанецот пет пати.

Руд на тој начин стана првиот скандинавски тенисер кој го добил признанието по Штефан Едберг чие име го носи наградата.

„Голема благодарност до сите што гласаа за мене. Многу сум почестен и среќен. Ќе се обидам да продолжам вака и следната година. Едвај чекам да се вратам на теренот”, изјави Руд.

Руд освои три титули во 2022 година (Буенос Аирес, Женева, Гштад), а загуби уште четири финалиња (Мајами, Ролан Гарос, УС Опен, Торино).

Во еден момент стигна до второто место на АТП листата, имаше шанса и за првата позиција, а сезоната ја заврши на третото место, зад Карлос Алкараз и Рафаел Надал.

Scroll to Top