Top Sport

Баерн Минхен го сака Јан Зомер како замена за повредениот Нојер

Повредата на Мануел Нојер, која ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната, го натера раководството на Баерн Минхен итно да бара нов голман. Според „Скај Спорт Германија“, изборот паднал на Јан Зомер. Баварците веќе стапиле во контакт со претставници на 33-годишниот гард, кој веќе е во својата деветта сезона во Борусија Менхенгладбах и има солидно искуство во Бундеслигата.

Зомер има договор до крајот на актуелната сезона и може да биде доведен за многу разумна сума. Во оваа фаза тој не преговарал со други клубови.

Во првите денови по веста за повредата на Мануел Нојер се зборуваше дека Баерн Минхен е заинтересиран за хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, но тоа беше демантирано.

Германскиот гигант се обидува да го врати позајмениот играч на Монако, Александар Нубел, но не е сигурно дали двата клуба ќе се договорат. Затоа во преден план е ангажманот на Јан Зомер.

Scroll to Top