Top Sport

Нова победа за брилијантниот Мареј

Некогаш првиот светски рекет Енди Мареј избори пласман во четврт-финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг. Мареј извојува победа над сонародникот Камерон Нори 7/6., 6/7, 6/1.

Мареј, прв пат операцијата на колкот и враќањето на тениските терени, успеа да забележи две победи по ред. Во претходната рунда тој го совладаа полу-финалистот на Ју-Ес опен и 13 рекет во светот, Матео Беретини.

Инаку Мареј на турнирот во Пекинг дојде како 503 играч во светот, а со победата над Беретини обезбеди скок од најмалку 217 места.

Британецот во четврт-финалето ќе игра против победникот од пресметката помеѓу Тим и Џанг.

Scroll to Top