Марко Одермат е на добар пат да го одбрани Големиот кристален глобус за севкупен победник на Светскиот куп во алпско скијање.
Брилијантниот Швајцарец и оваа сезона блеска, а тоа го потврди со триумф во трката во супер-џи во Бормио.
Со резултат 1:29.27 минути ја растури конкуренцијата.
Само Австриецот Винсент Крихмајер задоцни помалку од една секунда зад победникот. Крихмајер кој вчера победи во спуст имаше за 64 стотинки послаб резултат. На третото место заврши сонародникот на Одермарт, Лук Мејлард заврши на третото место, со заостанување од 1,22 секунди.
Најголемото изненадување го направи Австриецот Даниел Хеметсбергер, кој беше четврти со број 27, додека Французинот Алексис Пинтуро заврши на петтото место.
Во поредокот на супер-џи води Одермат со 280 бодови, додека е убедливо прв во Светскиот куп со 946 бодови, повеќе од 300 бодови пред Килде.