Шесткратниот актуелен шампион во Светскиот куп во биатлон, Французинот Мартин Фуркад стигна до втората победа во низа за да го зголеми водството во генерален пласман.
Во 10-километарскиот спринт во Оберхоф, Германија, Фуркад беше совршен на стрелиштето за да заврши со 25:03.3, за 8.1 секунди побрзо од Норвежанецот Емил Хегле Свендсен. Сонародникот на Свендсен, Јоханес Тингнес Бо утна двапати на стрелиштето, но го освои последното место на подиумот со 10.2 секунди послабо време, пред Американецот Тим Бурк и својот постар брат, Тарјеи Бо.
Фуркад, кој беше на подиумот во сите досегашни девет трки, сега има 492 поени, пред Јоханес Бо со 460 и Словенецот Јаков Фак (кој беше седми) со 342.
На програмата сега има пурсуит трки во сабота, пред штафетни трки во недела.
Martin Fourcade vince la sprint di Oberhof, ma il nostro Lukas Hofer si piazza al sesto posto: bravo! ????#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/dJCRHdTPk9
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 5, 2018