Белгиецот Вут ван Ерт е победник на осмата етапа на Тур де Франс по спринтерски финиш во Лозана, Швајцарија, додека Словенецот Тадеј Погачар уште повеќе го зголеми водството во генерален пласман.
По стрмното искачување од Женевското Езеро, Ван Ерт го совлада Мајкл Еддвардс во спринтерски финиш, а двајцата беа пред Погачар по 186 километри од Дол до Олимпискиот стадион во Женева. Ова е втора етапна победа на Ван Ерт на овогодишната трка.
Третото место на Погачар му донесе дополнителни 4 секунди бонус, со што останува носител на жолтата маичка со 39 секунди предност пред Јонас Вингегард.
Утрешната 9. етапа е уште една шанса за Погачар да стави печат на трката, бидејќи се работи за 192.2 километри долга планинска етапа од Егл, Швајцарија до Шател, Франција.
? @WoutvanAert wins another stage after an incredibly tense finish!
? Watch the last KM now!
? Wout van Aert accroche un 2e succès sur le #TDF2022 au terme d'un final palpitant !
? Revivez le dernier KM de la 8e étape ! pic.twitter.com/S06m5JalxC
— Tour de France™ (@LeTour) July 9, 2022