Top Sport

Нова трагедија, почина боксерот Уго Сантилјан

Нова голема трагедија го потресе боксерскиот свет, откако пред неколку дена од повредите добиени во рингот почина Максим Дадашев, на идентичен начин овој свет го напушти и Аргентинецот Уго Алфредо „Динамит“ Сантилјан.

Исто како и Дадашев и Сантилјан имал борба во саботата, а доцна синоќа е објавено дека ударите што ги добил во борбата, која завршила нерешено, со Едуард Хавиер Алберто биле фатални.

23 годишниот Сантичјан имал две операции на мозокот поради во болницата во Буенос Аирес, но на крајот починал откако срцето престанало да работи.

Аргентинецот во кариерата забележал 19 победи, шест порази, а два пати неговите борби завршувале без победник.

Втората нерешена борба била кобна за него. По завршувањето на мечот со Алберто тој обилно крварел, потоа се онесвестил паднал во кома од која не се разбудил.

Руски боксер починал три дена по мечот

Scroll to Top