Top Sport

„Новак е ГОАТ или нема разговор на таа тема“

Иако Новак Ѓоковиќ е рекордер во речиси сите важни категории, сепак се уште се води дебата дали тој е најдобриот играч на сите времиња.

Неодамна за тоа зборуваа Матс Виландер, Мајк Брајан и Тим Хенман, кои се согласија дека Новак е неприкосновен кога се во прашање рекордите и бројките, но дека Роџер Федерер има поголемо влијание на тенисот.

Контроверзноста за тоа кој е ГОАТ, продолжи на тениските форуми, па тенискиот аналитичар Хил Грос имаше многу јасен став по ова прашање.

„Ова е мојот моментален став за статусот ГОАТ. Според мене, најдобар на сите времиња е или Новак Ѓоковиќ или едноставно не постои. Тоа се двете опции. Ако ми дадете друго име освен Новак Ѓоковиќ, ќе отфрли тоа. Ќе се борам. Единствениот прифатлив одговор за мене е Новак Ѓоковиќ“, вели Грос.

Scroll to Top