Родителите на Новак Ѓоковиќ и братот Ѓорѓе, попладнево одржаа прес конференција во Белград. Го обвинија австралиските власти дека, дека го режирале најголемиот спортско-дипмломатски скандал во историјата и најдобриот светски тенисер го третирале како криминалец.
Новак Ѓоковиќ, се наоѓа во изолација, во хотел за мигранти во Мелбурн. Австралиските власти не му дозволија да влезе во државата со медицински исклучок. Девет часа, тој вчера мина на аеродромот во Мелбурн. Откако не му ја одобрија визата, тој преку своите адвокати вложи жалба. Пред судот ќе се појави во понеделник околу 10 часот по локално време.
„Најголем спортско-дипломатски скандал во историјата. Новак не прекрши ниту еден закон, цело време беше во комуникација со организаторите. Го имаше истиот документ како и неговите колеги, но само нему не му ја одобрија визата“, рекол братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, кој потоа открил што се случувало на аеродромот.
„Првите 45 минути, во собата на аеродромот, Новак, комуницираше со семејството. Потоа му го одзедоа телефонот, три и пол часа беше без него. Потоа го сместија во аеродромскиот притвор. Не му ја одобрија визата, бидејќи сите зборуваат дека само уште еден гренд-слем трофеј му недостига за и официјално да биде најдобриот во историјата. Потоа тој го сместија во хотелот за мигранти, во гнасна соба, сите работи му ги одзедоа, му го оставија само телефонот. Третиран е како криминалец“.
Остар во своето обраќање беше таткото Срѓан, ја нарече владата на Австралија „шовинистичка“.
„Тие нашиот Новак го држат во заробеништво. Нова е Србија, а Србија е Новак. Скот Морисон се осмели да го нападне Новак да го потцени и го фрли на колена, со тоа ја фрли на колена и нашата земја“, рекол Срѓан Ѓоковиќ, а потоа ја цитирал својата баба Сара.
„Исус го распнаа, му направија се и тој преживеа. Сега истото му го прават на Новак, го распнуваат. Срам да ви е, немате образ“, му порача Срѓан. Австралијци, цитирајќи ја неговата баба Сара.
На крајот Ѓорѓе Ѓоковиќ открил дека постојат три сценарија за крај на целиот случај.
„Еден е да му одобрат виза и да ја признаат грешката, што значи дека би се понижиле пред целиот свет за грешката што ја направија. Второто сценарио е да го вратат назад и да си направат проблем, бидејќи други тенисери влегоа со медицински исклучок. И трето е да речат дека се поголеми од Бога и да им биде гајле како ќе се врати дома. Досега праве се спротивно. Се надева, дека судот правилно ќе реши“.