Top Sport

Новак Ѓоковиќ ќе игра на САД опен!

Моментно најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Отвореното тениско првенство на САД. Предмалку самиот Ѓоковиќ официјално ја соопшти одлуката што со нетрпение се очекуваше кај северниот сосед.

„Драго ми е што можам да потврдам дека ќе играм на САД опен оваа година. Не ми беше лесно да ја донесам одлуката, ако се земат во предвид пречките и предизвиците од сите страни. Се радувам што ќе можам повторно да се натпреварувам на тенискиот свет. Во кариерата сум одиграл некои од своите најдобри партии баш во Њујорк“ рече меѓудругото Новак Ѓоковиќ.

Дилемите дали првиот рекет во светот ќе игра на САД опен уште повеќе се отворија откако и од неговиот тим потврдија дека Новак многу размислува на таа тема.

Се споменуваа и одредени потписи за своја одговорност и ризик кои играчите ќе мораат да ги стават за да настапат на првиот грен слем по паузата заради пандемијата на коронавирусот.
И престижниот „Њујорк тајмс“ со вест дека Србинот сепак ќе биде учесник на турнирот во Њујорк.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа заразени со вирусот, двајцата сега се негативни, но Јелена, како што информираат, се уште не е 100-отстотно опоравена од вирусот.

Инаку, поради коронавирусот кој не запира, посебно не во САД, голем дел од тенисерите ги откажуваат настапите.
На Флешинг Медоуз годинава ќе ги нема Рафаел Надал, Роџер Федерер и Стен Вавринка.

Scroll to Top