Top Sport

Новак го избра својот совршен тенисер (Видео)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во емисијата на „Јутјуб“ каналот на Девис купот. Српскиот тенисер се соочил со интересна задача. Тој требало да го опише идеалниот тенисер.

Ѓоковиќ веднаш го посочил Рафаел Надал и неговиот форхенд, а кога го прашале: „Зошто Надал?“, Новак одговорил: „Едноставно тоа е Надал“.

Кога го добил прашањето за ритернот, тој се насмеал и рекол: „Можам ли да кажам јас“.

Интересно Ѓоковиќ во ниту една категорија не го ставил Роџер Федерер, а го има на листата тенисерот од кого добива само критики, Ник Кирјос.

Вака изгледа совршениот тенисер на Новак Ѓоковиќ.

Форхенд: Рафаел Надал
Бекхенд: Давид Гофан
Талент: Феликс Оже-Аљасим и Денис Шаповалов
Менталит: Рафаел Надал
Физичка подготвеност: Гаел Монфис
Сервис: Ник Кирјос
Ритерн: Новак Ѓоковиќ
Волеј: Никола Мау
Движење: Рафаел Надал, Феликс Оже-Аљасим, Давис Гофан, Новак Ѓоковиќ

Scroll to Top