Top Sport

Кид-Гилкрист во Далас Маверикс

Мајкл Кид-Гилкрист ги засили редовите на Далас Маверикс. Вториот пик на драфтот во 2012 година по осум и пол години ги напушти Шарлот Хорнетс и како слободен играч се пресели во Далас.

Поранешниот студент на универзитетот Кентаки ги покрива позициите ниско крило и крилен-центар, а познат е како играч со најчудниот шут во НБА-лигата.

Кид-Гилкрист со универзитетот Кентаки бил шампион во 2012 година, во лигата влезе како играч со одлични дефанзивни карактеристики и играч кој може многу да напредува. Прогнозите не ги исполни во дресот на Шарлот Хорнетс.

Секогаш проблем му бил шутот. Треба да се истакне дека на драфтот во 2012 година бил избран пред Бредли Бил, Демијан Лилард, Херисон Барнс и Андре Драмонд кошаркари кои имаат извонредни кариери во НБА.

Досега одиграл 433 натпревари во НБА, во просек по натпревар бележи по 8,6 поени и 5,5 скока.

Scroll to Top