Новак Ѓоковиќ повторно удри тениски линиски судија со топче во текот на осминафиналето од Ролан Гарос, но бидејќи овојпат очигледно не беше намерно, тоа не му попречи да стигне до рутинска 6:4/6:3/6:3 победа над Русинот Карен Хачанов.
Светскиот рекет број 1, останува прв фаворит за титулата од Париз, откако досега нема загубено сет, и вкупно на своите противници им препушти 23 гема. Следен за него ќе биде подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Пабло Карењо Буста и Германецот Даниел Алтмаер, а во предност е пред ривалите, бидејќи Рафаел Надал и Доминик Тим се во истата половина од ждрепката, односно, со нив може да се сретне само во финалето.
?#RG20 (?@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/d8IJNiUbwG
— doublefault28 (@doublefault28) October 5, 2020
Најинтересниот момент од мечот се случи во првиот сет, кога Ѓоковиќ, кој беше дисквалификуван од САД опен во Њујорк поради удирање со топче на линиската судија, го повтори овој „престап“, но овојпат само во игра, обидувајќи се да врати сервис на Русинот. Секако, овојпат немаше опасност за дисквалификување.
Првиот сет Ѓоковиќ го почна фантастично и на свој сервис во првите три гема дозволи само еден поен, но имаше проблеми со силниот сервис на Русинот и до својата прв брејк стигна при 4:3 во гем кој траеше повеќе од 10 минути. Меѓутоа, Хачанов врати брејк за 5:4, нешто што го налути Ѓоковиќ и во следниот гем го освои сетот. Слична игра имаше и во следните два сета, во кои Ѓоковиќ имаше мака да стигне до брејк на сервис на Русинот, но на крајот го комплетираше мечот со рутинска победа.