Top Sport

Новак Ѓоковиќ осум години e број 1

Новак Ѓоковиќ, најуспешниот играч во историјата на тенисот, продолжува да го подобрува рекордот кога се во прашање неделите минати на врвот на АТП листата. Србинот и во тековната недела официјално е најдобар во светот, тој ја започна 417. недела од своето „владеење“.

И покрај тоа што нема да игра на Мастерсот во Мајами, како и лошиот настап во Калифорнија и раната елиминација во пресметката со Лука Нарди, Ѓоковиќ има уште три загарантирани недели на врвот на листата. Тоа значи дека за три дена ќе го комплетира осумгодишното владеење на АТП листата.

Ѓоковиќ (9.725) беше елиминиран во третото коло на Индијан Велс, но бидејќи лани не играше на овој Мастерс додаде на своето конто 50 поени.

Второпласираниот Карлос Алкараз (8.805) ја одбрани титулата во Калифорнија, па разликата меѓу Новак и него е 920 бода. На Шпанецот ќе му бидат одземени 400. бодови освоени минатата сезона во Мајами, додека Ѓоковиќ нема да игра на Флорида, што значи дека ќе остане на истото салдо.

Доколку победи во Мајами, каде што беше елиминиран во полуфиналето во 2023 година, Алкараз може да му пријде на Ѓоковиќ на нешто повеќе од 500 поени и со тоа да ги зголеми шансите да го нападне врвот во Монако. Доколку слави и во САД и во Монте Карло, Алкараз повторно би бил тенисер број еден во светот.

Погледнете ја листата на најдобрите десет играчи на планетата во моментов:

Новак Ѓоковиќ 9.725
Карлос Алкараз 8.805
Јаник Синер 8.310
Данил Медведев 7.765
Александар Зверев 5.060
Андреј Рубљов 4.970
Холгер Руне 3.875
Каспер Руд 3.560
Хуберт Хуркач 3.370
Алекс де Манор 3.300.

Scroll to Top