Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ реши да се пресели од Монте Карло во шпанска Марбеља каде во последно време престојуваше и тренираше. Местото многу му се допаднало, па решил да купи „дворец“ вреден околу 10 милиони евра.
Вилата се наоѓа на екстра луксузна локација со одличен поглед кон морето. Располага со 9 соби, 8 бањи, огромен двор со палми, базен и тениски терен.
Внатре има голема вежбална, место за забава, кино…
Погледнете ја фото-галеријата: