Новак Ѓоковиќ без големи проблеми се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон, откако со 6:3/6:2/6:3 го победи 21-годишниот Французин Иго Умбер, за да обезбеди дуел со Белгиецот Давид Гофан, кој претходно со 7:6(9)/2:6/6:3/6:4 го помина шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско.
„Гренд слем турнирите се најважните во нашиот спорт и секогаш ја темпирам формата да бидам најдобар на овие турнири. Вимблдон, како за многу мои ривали, е посебен турнир за мене, и секој пласман во четврт-финале е значаен, бидејќи никогаш не знаеш кога ќе дојде крајот. Не размислував да ја сочувам енергијата, сега секој меч е супер-тежок“, изјави Ѓоковиќ.
“He’ll be a hard man to beat”@DjokerNole continues to impress, defeating Ugo Humbert 6-3, 6-2, 6-3 to progress to his 11th #Wimbledon quarter-final pic.twitter.com/LNx4y1vuCt
— Wimbledon (@Wimbledon) July 8, 2019