Откако Ролан Гарос му оддаде почит на Рафаел Надал и одржа проштална церемонија, Австралија опен би можел да го стори истото за Новак Ѓоковиќ.
По 14 титули на Ролан Гарос, Надал дефинитивно ја заслужи церемонијата што ја доби на првиот ден од овогодинешното издание на турнирот.
Ѓоковиќ би можел да го добие тоа во Мелбурн, каде што освои 10 трофеи.
„Неколку членови на мојот тим вчера споменаа дека АО треба да се докаже и да покаже, особено по ова што го направи РГ за Надал. Немам никакви очекувања, искрено не размислував на таа тема. Би сакал да го доживеам тоа, да ми се покаже таа почит за сè што сум направил за тенисот низ годините. Сега, како ќе биде, навистина не знам“, изјави Ѓоковиќ за српските новинари во Париз.
Новак беше дел од церемонијата на Рафа, а заедно со Федерер и Мареј излезе на теренот и сподели дел од тој момент со својот голем ривал.
„Кога станува збор за моментот на Рафа, дефинитивно бев многу трогнат од сè што доживеав лично, за себе и за Надал. Мислам дека тој заслужи сè што доби во однос на емоциите и почитта, од целиот тениски и спортски свет, бидејќи е легенда и извонреден шампион. Разговаравме за фактот дека минатата година, збогувањето со тенисот, на Ролан Гарос и на Дејвис купот не испадна онака како што требаше, па затоа ми е мило за него, неговото семејство и тимот што ова беше организирано како што заслужува“, додаде Ѓоковиќ.