Најдобриот светски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Србија Опен, АТП турнирот што се одржува во Белград.
Него во полуфиналето го запре Русинот Аслан Карацев откако по речиси три ипол часа игра славеше со 2-1 (7:5, 4:6, 6:4).
Карацев на мечот против Ѓоковиќ беше соочен со дури 28 брејк-топки, а спаси дури 23 од нив.
Русинот во финалето ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот Матео Беретини – Таро Даниел.
Ѓоковиќ сакаше „на домашна земја“ да стигне до 83-тата АТП титула.
Ова за него е втор пораз сезонава, откако пред 9 дена Даниел Еванс го исфрли во третото коло на Мастерсот во Монте Карло.