Top Sport

Наполи одбира тренер за следната сезона – отпаднаа големите имиња

Калчолигашот Наполи повеќе од еден месец нема загубено меч, но медиумите на „Чизмата“ се сигурни дека Џенаро Гатузо следната сезона нема да биде на кормилото на клубот од Неапол.

Екипата во која настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас по низа од 4 порази во 5 меча оствари 6 триумфи и едно реми во последните седум средби.

„La Gazzetta dello Sport“ пишува дека сепак тоа не е доволно за популарниот Рино да остане на „Диего Армандо Марарадона“ и во сезоната 2021/2022.

Се споменуваа повеќе имиња како можни наследници на Гатузо – пред се Рафаел Бенитез, потоа Маурицио Сари, па Валтер Мацари и Лучијано Спалети.

Сепак, во моментов се чини дека двајца имаат предност пред сите останати – Винченцо Италијано од Специја, односно Иван Јуриќ од Верона.

За Гатузо, пак, се споменува како можна опција за тренер на Фиорентина.

Scroll to Top