Top Sport

Новата ѕвезда Дресен повторно го победи Фојц (видео)

Германецот Томас Дресен го совлада швајцарскиот фаворит Беат Фојц за победа на спустот во Квитфјел, Норвешка, исто како што направи на класичниот спуст во Кицбил пред два месеци.

Фојц, како петти на стартот, постави најдобро време од 1:49.25, но 24-годишниот Дресен успеа да го подобри ова време за осум илјадити делови од секундата за втора победа во својата кратка кариера. Трет беше олимпискиот шампион, Аксел Лунд Свиндал со уште девет илјадити делови од секундата заостанување зад Фојц.

Со овој резултат, Фојц и Свиндал остануваат единствените кои можат да ја освојат титулата од Светскиот куп во спуст, нешто што ќе се одлучи на последната трка од сезоната во среда во Оре, Шведска. Фојц има 622 поени, 60 повеќе од Норвежанецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top