Top Sport

Велез Зузулова и Кирхгасер ги завршија кариерите во народна носија (видео)

Словачката Вероника Велез Зузулова и Австријката Михаела Кирхгасер во саботата ставија крај на своите кариери, возејќи го првото слаломско возење во Офтершванг во национална носија.

33-годишната Зузулова си заминува со пет победи во Светскиот куп (четири во слалом и една во паралелен слалом) и со 30 подиуми, како и со сребро во тимското натпреварување на Светското првенство во Сент Мориц минатата година.

32-годишната Кирхгасер пак, во кариерата победи трипати (еднаш во велеслалом и двапати во слалом) и оствари 17 подиуми и три златни медали со австрискиот тим во тимските натпреварувања на СП во 2007, 2013 и 2015 година.

Scroll to Top