Top Sport

Новата генерација! Радукану е втората тинејџерка во полуфиналето во Њујорк!

Британката Ема Радукану стана втората тинејџерка со пласман во полуфиналето на САД опен оваа година, приклучувајќи се на 19-годишата Канаѓанка, Лејла Фернандез, откако со 6:3/6:4 ја совлада 12. носителка, Швајцарката Белинда Бенчич.

Радукану, која имаше и одличен настап на Вимблдон оваа година, но се повлече поради тремата и големиот притисок, имаше лош старт на мечот, губејќи ги првите два гема, пред да направи камбек и лесно да го освои првиот сет. Во вториот сет, таа направи брејк на 2:2, кој потоа беше доволен за славна победа.

18-годишната Радукану, која исто така е родена во Канада од татко Романец и мајка Кинеска, е на 150. место на ВТА листата и се приклучи на Били Џин Кинг (1979) и Ким Клајстерс (2009), како тенисерка надвор од топ 100 која влегла во финалето на американскиот гренд слем.

Радукану во полуфиналето ќе игра со подобрата од последното четврт-финале, помеѓу 4. носителка, Чехинката Каролина Плишкова и 17. носителка од Грција, Марија Сакари. Во второто полуфинале, Фернандез ќе се сретне со втората носителка, Белорусиката Арина Сабаленка.

Scroll to Top