Top Sport

Нови детали за монструмот кој ја претепа ќерката – Бил избркан од академијата на Типсаревиќ откако претепал тренер

Страшната снимка од соседството на која татко ја тепа својата 14.годишна ќерка ја шокираше јавноста, а во меѓувреме против него е покрената истрага.

Кинески државјанин, кој привремено живее во Србија, на тренинг ја претепал својата 14.годишна ќерка. На видеото кое со денови кружи на интернет може да се види како ја удира со шлаканици и клоци. Таткото не бил задоволен од она што го прикажува неговата ќерка на тренинзите.

Утврдено е дека насилникот е склон кон инциденти, а еден таков предизвикал и во тениската академија на познатиот српски тенисер Јанко Типсаревиќ. Тоа се случило пред околу два месеци, а според информациите кои пристигнуваат од Србија, таткото на кинеското девојче нападнал и удрил еден од тренерите.

Откако физички се пресметал со тренерот бил избркан од академијата, поради што морал да бара нов клуб.

На еден од терените во новиот клуб се случи последниот инцидент. Случајот бил пријавен во полиција, а насилникот набрзо бил пронајден и приведен во спортскиот центар Бањица.

 

Scroll to Top