Непријатен инцидент се случил на хокеарскиот натпревар во Словачка помеѓу Банска Бистрица и Попрад. Пак тешко повредил една новинарка која седела помеѓу клупите на двата тима.
Како што објави порталот „iDenes.cz“, случајно пакот во лицето ја погодил новинарката Барбора Заичикова, која поради сериозната повреда на десното око веднаш била хоспитализирана.
Заичикова била итно оперирана, а лекарите не биле сигурни дали целосно ќе можа да и го вратат видот. Сигурни се само дека таа ќе има уште неколку операции.
Žiačiková stála mezi střídačkami, kde není ochranné plexisklo. Výsledkem je zlomená kost, otřes mozku a opuchlé oko zalité krví.https://t.co/khld35rx7n
— Lidovky.cz (@lidovky) December 12, 2019