Top Sport

Новиот стадион на Рајдерс во Лас Вегас е како „Ѕвездата на смртта“ (галерија)

Оукленд рајдерс, славниот НФЛ тим во текот на следната сезона ќе се пресели во „градот на гревовите“, Лас Вегас, каде што веќе се гради нивниот нов стадион „Алеџијант стадионот“, кој се наоѓа на насловните страници и пред да е комплетиран.

Стадионот се гради на Ал Дејвис веј 3333 во Парадајс, во близина на славниот Лас Вегас стрип, со капацитет од 65.000 седишта, но црната некомплетирана фасада веќе ги потсети фановите на филмовите од „Војна на ѕвездите“, поточно на „Ѕвездата на смртта“.

Цената на изградбата на мега-стадионот засега е проектирана на 1.84 милијарди долари.

Scroll to Top