Top Sport

Сколс за „светската“ титула на Ливерпул: Мојата бадминтон титула е повредна

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс се потсмеваше со триумфот на Ливерпул на Светското клупско првенство во Катар, велејќи дека неговиот „бадминтон трофеј од локалниот паб“ има поголемо значење.

Сколс беше дел од тимот на „ѓаволите“ кој го освои турнирот во 2008 година, како и тимот кој во 1999 година го освои Интерконтиненталниот куп, но вели дека воопшто не би ги споменал тие титули кога ќе го прашале што освоил.

„Секако дека би сакале да ја освоите кога сте веќе таму, но никогаш не беше нешто што очајно сме го сакале. Да ме прашате што трофеи сум освоил во текот на годините, воопшто не би го споменал тој трофеј. Сериозно. Можеби ќе вреди повеќе во текот на годините. Изгледа дека Ливерпул уживаа во трофејот и зошто да не, но кога ние игравме не беше толку важен“, вели Сколс во гостување на „БТ спорт“.

Кога беше запрашан од колегата Роби Севиџ што е поважно – златото од Светско клупско првенство или неговиот локален бадминтон трофеј, Сколс призна дека „најверојатно“ почесто би го споменувал бадминтон трофејот.

Scroll to Top