Top Sport

Ново злато за Колесников

Младиот руски пливач Климент Колесников (18) го освои и третиот златен медал на Европското првенство. Тој во доминантен стил победи на трката, на 100 метри грбно.

Колесников трката ја заврши со време 52,53 секунди, откако успеа да го одбие налетот на сонардоникот Евгениј Рилов. Третото место му припадна на Гркот, Апосолос Христу.

Рускиот тинејџер, во саботата постави светски рекорд во трката на 50 метри грбно (24 секунди), а потоа освои златен медал и во штефетата 4×100 метри слободно.

Колесников на светската сцена зачекори минатата година коа на Европското првенство во мали базени, во Копенхаген, освои четири златни медали.

Scroll to Top