Микаела Шифрин продолжи со доминацијата во Светскиот куп во алпско скијање, откако ја оствари својата 37. победа во кариерата на новогодишниот градски паралелен слалом во Осло, Норвешка.
22-годишната Шифрин ја совлада Швајцарката Венди Холденер во финалето за да ја повтори победата во истата дисциплина од Стокхолм минатата сезона. Американката ќе има уште една шанса за победа во Стокхолм на крајот на јануари. Третото место го освои Мелани Мејар.
Too good!
It’s another World Cup victory for @MikaelaShiffrin ? pic.twitter.com/Yna4VxqJBb
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 1, 2018
Шведскиот ветеран Андре Мирер го совлада Михаел Мат во машкото финале за прва победа во новата сезона, додека Британецот Дејв Рајдинг, откако го елиминираше првиот фаворит Марсел Хиршер во четврт-финалето, на крајот беше четврти откако загуби од Германецот Линус Штрасер во малото финале.
Sjätteplats för @slalom_myhrer pic.twitter.com/xlo5KojbBL
— Eurosport Sverige (@EurosportSE) December 18, 2017