Top Sport

Нуис со светски рекорд на лизгалки – неверојатни 93 км/ч (галерија+видео)

Кјелд Нуис стана најбрзиот лизгач во историјата, откако во интересниот експеримент на „Ред бул“, олимпискиот шампион на 1.000 и 1.500 метри лизгаше зад заштитник за авиони, за да се подобри аеродинамиката.

„Се чувствував како да летав на мразот. Ова беше за 50 отсто побрзо од мојата најбрза трка, на која имав 60 км/ч. Бизарно. Природниот мраз беше совршен, како да летав над него. Кога се поместив од штитникот, ветерот веднаш ме одвлече назад. Како да извадив глава надвор од автомобил на автопат“, изјави Холанѓанецот.

Експериметнот се одвиваше во Лапонија, Шведска, а зад воланот на „СЕАТ Атека“ беше шведската тркачка, Микаела Алин-Котулински.

 

Scroll to Top