Top Sport

Нурмагомедов: Кажете каде е борбата сигурно ќе дојдам

Хабиб Нурмагомедов трпи големи критики откако се повлече од борбата со Тони Фергусон. Борбата помеѓу овие двајца требаше да се одржи на 18 април, меѓутоа таа е одложена бидејќи Нурмагомедов поради пандемијата со коронавирусот не може да излезе од Русија.

Неверојатно звучи податокот дека по петти пат е одложена борбата помеѓу Нурмагомедов и Фергусон. Дагестанецот го критикуваат фановите на УФЦ, а преку социјалните мрежи „отровни стрели“ кон него испукаа големите ривали Фергусон и Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов за ЕСПН рекол дека се уште може да стигне на борбата која е закажана за 18 април, но сака таа да се одржи на безбедно место.

„Во овој момент доколку ми ја испратат локацијата, а јас можам да излезам од Русија, тогаш ќе доаѓам, не е важно каде е тоа САД, Абу Даби…Ќе се борам сигурно. Само вие испратет мија локацијата. Секој дена на Дејна Вајт му испраќам пораки: ‘Еј на која локација ќе се бориме’. Ова не беше моја грешка“, рекол Дагестанецот и се пожалил дека доколку борбата не се одржи тој ќе загуби многу пари.

„Ги разбирам луѓето што се вознемирени поради борбата, ова е меч од сништата за навивачите. Ова е и мој сон. Изгубив многу бари. Никој не губи повеќе од мене. Ја сакам таа борба“.

Исто така Нурмагомедов се огласи и преку својот профил на „Инстаграм“.

„Како прво ме полудува тоа што луѓето велат дека јас се повлеков, тоа не го разбирам. Јас се уште тренирам, се подготвувам, не сум престанал со тренинзите од декември“, им порачал Нурмагомедов на навивачите.

Scroll to Top