Top Sport

Лоренцо: Бев шампион, а немав возачка дозвола

Поранешниот шампион во „кралската класа“ Хорхе Лоренцо вели дека во приватниот живот нема мотор, бидејќи „не знае да вози бавно“.

„Мислам дека не би можел да се снајдам во едно такво возење, јас не знам бавно да возам мотор. Но возачка имам, положив кога имав 23 години. Пред да ја добијам дозволата веќе бев шампион во Мото ГП“, рекол трикратниот шампион во „кралската класа“.

Лоренцо, по завршувањето на минатата сезона, реши да стави крај на кариерата.

„Почувствував дека се почна да ме боли. Секако дека трките ми недостигаат, ми недостигаат победите, нема да ми недостига онаа негативна страна. Едноставно не можете се да имате во животот“.

Лоренцо кариерата ја започна во 2002 година, во класата до 125 кубни сантиметри, од 2008 година започна да вози во „кралската класа“. Шпанецот беше дел од Јамаха, Дукати и Хонда.

Scroll to Top