Шампионот во лесна категорија, во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, најавил дека се ближи крајот на неговата кариера. Тој признал дека нема намера да биде активен кога ќе наполни 40 години и дека веројатно ќе одработи уште неколку борби пред да се повлече.
„Нема да се пензионирам сега, но факт е дека повеќе не сум млад. Години наназад сум шампион и немам уште многу борби пред себе. Не сакма да се борам и кога ќе имам 40 години, тоа не е во моите планови“, рекол Нурмагомедов.
„Пред да ја донесам конечната одлука ќе разговарам со мојот татко, со тренерот Хавиер Мендеш, со моите браќа и луѓето околу мене. Одлуката нема да ја донесам сам. Сепак сега сум фокусиран на борбите, во мене има уште оган“.
Хабиб Нурмагомедов наскоро ќе наполни 31 година, а наредниот меч ќе го има в сабота против Дастин Поарие. Во моментов Дагестанецот има скор 27-0.