Top Sport

Нурмагомедов освоил три овци обложувајќи се против Емелианенко!

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов открива дека освоил три овци откако се обложил со своите пријатели дека рускиот ММА фајтер Магомед Исмаилов ќе го победи ветеранот Александер Емелианенко во нивниот меч во јули.

Исмаилов и покрај тоа што беше дваесетина килограми послаб од Емелианенко го совлада братот на Федор во нивниот меч на АКА 107 во Сочи, Русија. Тоа беше 11-та победа во низа на Исмаилов, низа која трае од 2014 година.

„Уште ми должат три овци за твојот меч. Човекот кој треба да ми ги даде трите овни ќе ти објасни убаво. Јас толку верував во тебе што се обложив дека нема само да победиш, туку ќе доминираш“, му кажа Хабиб на Исмаилов на интервју.

Scroll to Top