Хабиб Нурмагомедов е еден од најдобрите ММА борци на денешницата. Дагестанецот е непоразен светски првак во лесна категорија (28 победи). Нурмагомедов открил дека неговата кариера ќе трае уште најмногу три години.
Во интервју за „Араб њуз“, рекол дека имал желба да се пензионира без пораз, нешто што е речиси невозможно во ММА спортот.
„Знам дека на сцената стапуваат голем број на млади борци, кои сакаат да победуваат и знам дека невозможно е да се остане засекогаш непоразен. Речиси е невозможно. Имате такви примери низ историјата. Сите најголеми борци некогаш доживеале пораз. Порази доживеале сите оние што не знаеле да го препознаат моментот кога требало да стават крај на кариерите. Мене ми остана уште неколку години. Две или три, но мислам дека ќе се борам уште најмногу две години. Не сакам да се борам цел живот, знам дека тоа е многу тешко. Имам 31 година, тоа не е многу, но мислам дека со 33 или 34 години морам да ја завршам кариерата. Сега сум фокусиран на она што доаѓа, пред мене се квалитетни предизвици низ кои треба да минам“, рекол Нурмагомедов.
Дагестанецот се подготвува за својата наредна борба, иако се уште не е познатот името на предизвикувачот. Според шпекулациите тоа ќе биде Тони Фергусон за кого многумина велат дека во овој момент е единствениот што може да го победи Нурмагомедов.