Top Sport

Нурмагомедов: Се молев да останам сам во кафезот со циркусантот

Непоразениот светски првак во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, синоќа беше пречекан од илјадници сонародници на стадионот на Анжи во Махачкала.

Човекот кој има 27 победи во исто толку борби, во неделата, беше доминантен против Конор Мекгрегор. Сепак сенка на победата фрли неговото однесување по мечот, кога Хабиб физички се пресмета со членовите на тимот на Мекгрегор.

Нурмагомедов во Махачкала на сонародниците најпрвин им се извинил за однесувањето по мечот и инцидентот што го предизвикал, а потоа рекол.

„Го молев Бога само за една работа, да ме остави сам во кафезот со овој циркусант. Секој ден го барав тоа од него. Се молев да не бидеме повредени, да го завршиме мерењето, да си ја вратиме силата и на крајот да не заклучат во кафезот. Многу работи беа кажани надвор од него, а јас само говорев дека нема да бидам одговорен за постапките кога врата на октагонот ќе биде затворена. Во врска со она што се сучи после…Некои велат дека згрешив, некои дека ја направив вистинската работа. Не можете орелот да го ограничите само на кафезот“, рекол Нурмагомедов.

Илјадници го пречекаа Нурмагомедов во Дагестан (Видео)

Scroll to Top