Top Sport

Нурмагомедов се потсмева: Вака го давеа Конор Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов можеби јавно изјавува дека не сака да влезе повторно во рингот со Конор Мекгрегор, но очигледно не може да избега од „сенката“ на контроверзниот Ирец, откако на социјалните мрежи објави фотографија на која Мекгрегор го дават во три различни тежински категории.

Нурмагомедов, кој го победи Мекгрегор во октомври 2018 за да ја одбрани УФЦ круната во лесна категорија, сакаше да го потсети Ирецот на неговите порази.

На една од фотографиите е самиот Хабиб во нивниот меч од минатата година, додека другата е фотографија на која Нејт Дијаз го победува Мекгрегор на УФЦ 198, а последната е од последниот пораз на Мекгрегор пред да потпише со УФЦ кога загуби од сонародникот Џозеф Дафи за само 38 секунди.

Ова доаѓа само неколку дена откако Хабиб преку социјалните мрежи му порача дека „еден е кралот“ и дека тој не заминува никаде.

Scroll to Top