Top Sport

Нурмагомедов се враќа во април

Светскиот УФЦ шампион, во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, во април се враќа во октагонот, потврдиле од неговиот тим.

Новата сезона во овој спорт ќе биде исклучително атрактивна, а особено интересно треба да биде на настаните УФЦ 235 и УФЦ 236, што ќе се одржат во марти и април.

Веќе е најавено дека Конор Мекгрегор ќе го добие бараниот реванш со Нурмагомедов, а тоа треба да се случи кога на Дагестанецот ќе му истече суспензијата.

„Убави вести, јаки борби, но во продажбата на преносот нема да стигне ниту до пола од УФЦ 236“, порачале од тимот на Нурмагомедов.

Во наведените термини, враќањето го најави и шампионот во полу-тешка категорија, Џон Џоунс. Тој ќе се бори против Ентони Смит, а исто така во октагонот ќе влезе и првакот во велтер категоријата, Тајрон Вуди, негов противник ќе биде Камару Усман.

Scroll to Top