Top Sport

Македонија е 11.фаворит за титулата

Светското првенство во ракомет, во Данска и Германија, ќе започне в четврток. Македонија првиот меч ќе го одигра на 11.јануари против Јапонија. Момците на Раул Гонзалес за противници во првата фаза ќе ги имаат уште Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.

Пред стартот ракометниот мундијал, познатата англиска обложувалница „Вилијам Хил“ ги објави фаворитите за титулата. Ако се остварат прогнозите на „Вилијам Хил“, тогаш на светскиот ракометен трон Данска ќе ја наследи Франција.

Македонија е 11.фаворит за титулата, а коефициентот е 150, според оваа англиска обложувалница. За освојување на првото место во групата, коефициентот на Македонија изнесува 14.

Данците се рви фаворити (3,20), веднаш зад нив Франција (3.30), а во првите десет се уште Германија (6,50), Шпанија (7,00), Норвешка (10,00), Шведска (13,00), Хрватска (17,00), Катар (67,00) и Русија (101,00).

Scroll to Top