Top Sport

Зидан: Скршени сме

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по поразот од Манчестер сити (1:2) во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите, рекол дека „се скршени“, но дека „се уште ништо не е загубено“.

„Разочарани сме, но знаеме дека се игра 180 минути и дека се можно. Дури и да победевме ситуацијата ќе беше иста. Тешко работевме за да го постигнеме голот, а потоа се упропастивме во десет минути. Редевме грешки кои скапо ги плативме. Но и грешките се дел од фудбалот, нормално е што се случуваат“, рекол Зидан.

Реал во реваншот ќе бидат без капитенот Серхио Рамос кој доби црвен картон.

„Туа не можеме ништи да смениме. Мораме да бидеме позитивни. Во вакви ситуации нема многу позитивни работи, можам само да кажам дека до моментот кога Сити го псотигна првиот гол бевме добри. Сега ќе мораме да победиме таму доколку сакаме да преживееме“.

Сити и Реал реваншот на „Итихад“ ќе го одиграат на 17 март.

Scroll to Top