Шестиот ден на Светското првенство во пливање го одбележа големата Австралијка Моли О’Калахан.
О’Калахан победи на трката на 100 метри слободно со време 52.16 секунди. Австралијката ги победи Сјобан Хоги со 52,49 и Холанѓанката Стенберген со 52,71. Олимписката шампионка Ема Мекеон беше само петта со резултат 52,83.
Претходно )’Калахан победи во оваа дисциплина и на двојно подолгата патека.
Моли О’Калахан во моментов е најуспешен учесник на првенството со четири златни медали (100 и 200 слободно, 4х100 слободно, 4х200 слободно).