Рони О’Саливен е блиску до својата рекордна седма титула светски шампион во снукер, откако вчера вечерта направи 12:5 предност против Џад Трамп во Шефилд, со што му се потребни уште пет фрејма за трофеј, но вечерта беше одбележана со бурната расправија со судијата.
46-годишниот О’Саливен наводно направил непристоен гест во текот на осмиот фрејм, за што доби „формално предупредување“ од судијата Оливер Мартил, нешто што популарната „Ракета“ го демантираше.
„Мислам дека тој само сакаше да направи проблем. Имам такво чувство од тој човек. Има стотици камери таму и можат да одат да ги проверат сите. Нема да дозволам да ме потценува бидејќи има нешто против мене“, изјави О’Саливен.
Интересно, О’Саливен веќе е под истрага на Светската снукер федерација (ВПСБА) за непристоен гест кој го направил по промашувањето на црната при победата над Дејв Гилберт во првото коло.
Ronnie O’Sullivan reacts furiously to a warning issued by Olivier Marteel ??
Judd Trump suggests the warning could have been issued after the frame ?#ilovesnooker pic.twitter.com/2jRZxG6bBi
— Live Snooker (@Livesnooker) May 1, 2022