Top Sport

Њукасл нуди 240 милиони евра за две ѕвезди на Барселона

Новиот сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл принцот од Саудиска Арабија Мохамед бин Салман има намера да со големи инвестиции од „страчките“ да направи сериозен тим.

Англиските медиуми тврдат дека негови први трансфер-мети се двајца играчи на Барселона, Антоан Гризман и Фелипе Кутињо кој сезонава е позајмен во Баерн Минхен.

Бин Салман знае дека Барселона мора да продава доколку сака да си ги исполни желбите, односно да го врати Нејмар и да го реализира трансферот на Лаутаро Мартинез.

Откупната клаузула на Кутињо изнесува 120 милиони евра, а според информациите од Островото истата сума богатиот принц бил подготвен да издвои и за Гризман.

Сигурно е дека една ваква понуда во Барселона би била прифатена, но прашање е дали играчите имаат желба да се преселат во Њукасл.

Scroll to Top