Минатиот викенд Британецот Луис Хамилтон по седми пат стана светски шампион во Формула 1, но неговиот сонародник, снукер шампионот Рони О`Саливен не е премногу воодушевен од успехот на возачот.
„Ако имаш болид кој при секој круг е за секунда побрз од конкурентите, тогаш мораш да си подобар само од колегата во екипата, Ботас на кого, пак, му одговара да е втор. Фантастично е за Луис што седумпати е светски шампион, но тоа не е исто како и успесите на Федерер или Кипчоге на пример. Ако ја гледаме природата на спортот, тогаш најдобри во историјата на спортот се Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Тајгер Вудс, Меси и Роналдо“ смета О`Саливен.
Тој се смета за еден од најдобрите снукер играчи во историјата, шестпати светски шампион, освоени над 40 турнири и заработка од околу 12 милиони евра.