Рони О’Саливен го отвори дуелот со Мартин Гоулд со два „сенчури“ за да стигне до 6:3 победа и пласман во полуфиналето на УК шампионатот во Јорк.
Помалку од 24 часа откако се мачеше за 6:5 победа над Тајланѓанецот Сани Акани, О’Саливен се врати во топ-форма за да ја продолжи победничката серија против Гулд на четири меча за да дојде до две победи до шеста титула на елитниот турнир, со што би се израмнил со легендарниот Стив Дејвис.
„Денеска имав подобар приод кон работите. Требаше само да се вратам на основните работи. Понекогаш е навистина тешко. Нема да се лажеме – не играм фантастично, но понекогаш е потребно и така да се победи“, вели О’Саливен, кој стигна до првата УК титула во 1993 година на 17 години.
Следен за него е шампионот од 2004 година, Стивен Мегвајр, кој со импресивни 6:3 го победи Џо Пери. Мегвајр играше со О’Саливен во финалето во Јорк пред една деценија, но загуби со 10:1.
Master at work ? @betway #baizeofglory pic.twitter.com/bN0nGWLAfH
— World Snooker (@WorldSnooker1) December 8, 2017